Руските сили спречиле украински командоси и странски платеници да ја пробијат границата

Вооружените сили на Русија во изминатите три дена ги запреле сите обиди на украинските сили да навлезат на територијата на Руската Федерација во регионите Белгород и Курск

од Бети Божиноска
325 прегледи

Украина вчера загубила најмалку 195 војници и големо количество оружје за време на неуспешниот обид да влезе во рускиот регион Белгород кој бил осуетен од руските воени и безбедносни сили, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според министерството, во најновата операција учествувале украински командоси и странски платеници кои се обиделе да се инфилтрираат во Русија.

Една група од педесетина борци пристигнале со хеликоптер на локација на околу еден километар од границата и тргнале пеш кон селото Козинка во Белгородската област.

Војниците стигнале до границите на населбата, но биле забележани додека се обидувале да влезат во селото, по што реагирале руските сили, вклучително и воен персонал и граничари од Федералната служба за безбедност (ФСБ). Украинците потоа се нашол на мета и на руската артилерија и воената авијација.

Територијата преку која украинските војници можеа да стигнат до Козинка била далечински минирана. Украинците потоа биле принудени да го напуштат селото, а преживеаните налетале на свежо поставеното минско поле и загинале. Обидот за евакуација на преживеаните Украинци бил спречен со ракетна артилерија.

Втора група напаѓачи ја пробиле руската граница и се движеле кон селото Сподарјушино, кога биле нападнати од руската авијација и артилерија. Освен човечките загуби, Киев загубил пет тенка, четири оклопни борбени возила, три возила за активирање мини „УР-77“ и три воени инженерски возила.

Вооружените сили на Русија и граничните власти на Федералната служба за безбедност во изминатите три дена од 12 до 14 март ги запреле сите обиди на украинските сили да навлезат на територијата на Руската Федерација во регионите Белгород и Курск, одбивајќи ги сите напади на Украинците, кои загубиле повеќе од 1.500 војници, 18 тенкови и 23 оклопни борбени возила, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Слични содржини