51
Руските војници во рок од 24 часа ги ослободија населбите Надеждинка и Новосjолка во Доњецк, Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека руските сили за една недела извршиле 11 удари врз објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс, при што нанеле штета на овие објекти, пренесе РИА Новости.
Се прецизира дека биле извршени напади врз објекти за гасна и енергетска инфраструктура, како и врз електрични трафостаници кои ја поддржуваат работата на воено-индустрискиот комплекс на Украина, како и врз складишта за ракетно и артилериско оружје, пренесува Танјуг.