Руско Министерство за одбрана: Уништени шест украински складишта за оружје, загинаа 320 војници

од Nikola Popovski
235 прегледи

Воздухопловно-космичките сили на Русија погодија 76 воени објекти, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков. Во таа прилика загинале 320 украински војници, додаваат од таму.

– Воздухопловни проектили на руските воздушно-космички сили погодија 38 украински воени објекти. Три командни центри, 22 упоришта на украинските екстремистички формации, седум области каде што беа концентрирани голем број војници и воена опрема, како и шест магацини со ракетно и артилериско оружје, муниција и гориво во населените места Александровка, Гусаровка, Долгенко и Барвенково, рече Конашенков.

Генералот додал дека средствата за противвоздушна одбрана собориле три украински ракети „Точка У“ во областа Петропол и малата Камишевха.

Конашенков појасни дека од почетокот на специјалната воена операција во Украина се уништени 302 повеќецевни ракетни фрлачи и повеќе од 5.000 тенкови, оклопни и специјални воени возила.