Руското Министерство за одбрана: Руските трупи го зазедоа главното украинско упориште во Донецк

од Milan1
84 прегледи

Руските војници го зазедоа главното упориште на украинските вооружени сили во Донецк, заробувајќи најмалку десет украински војници, објави денес руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека припадниците на руската војска зазедоа упориште на украинската армија во областа на една од населбите на правецот Александар-Калиновски, и дека за време на борбите биле уништени оклопен транспортер М113 од американско производство и тенк, како и дека екипажот на тенкот и најмалку десет војници на украинските вооружени сили биле заробени, објави РИА Новости.

Според најновите податоци од руското Министерство за одбрана, за еден ден, во зоната на одговорност на Јужната група, вооружените сили на Украина изгубија повеќе од 110 војници, четири оклопни борбени возила, девет автомобили, три парчиња полева артилерија и складиште за муниција.

Слични содржини