Руското Министерство за одбрана: Украина има рок до раните утрински часови да го предаде Мариупол

од Milan1
250 прегледи

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до раните утрински часови во понеделник да даде одговор за предавањето на Мариупол, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости.

Од 10:00 до 12:00 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез од градот за украинските војници и странските платеници, без оружје, а во тој случај загарантирано е спасување на животи, па потоа ќе се отворат и хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, пишува РИА Новости.

Руското Министерство за одбрана во пораката нагласува:

„Киев да постапи разумно и да ги поништи претходно дадените упатства кои ги обврзаа милитантите во Мариупол да се жртвуваат“.

Претставниците на ОН, ОБСЕ и Црвениот крст се поканети да ја набљудуваат хуманитарната операција на теренот, се додава во извештајот.

Русија инсистира писмениот одговор од Киев на овие предлози да го добие пред 5 часот по локално време.

Според бројни експерти, Мариупол стратешки е многу важен град за Русија, бидејќи со неговото заземање би се поврзала претходно освоената територија.

За овој град се водат жестоки битки и официјално и натаму е под украинска контрола, но со денови се пресечени каналите за достава на помош.

Слични содржини