48
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Украина нема да се откаже од борбата за враќање на сите територии окупирани од Русија во изминатата деценија.
„Територијалниот интегритет е дел од нашите вредности“, истакна тој на прес-конференција со норвешкиот министер за одбрана во Осло.
Умеров нагласи дека сите жители на окупираните територии го чекаат ослободувањето и ги отфрли тврдењата за промена на приоритетите на Украина како дел од руската пропаганда.