Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека на Украина не и е ветено дека ќе стане членка на Алијансата по завршувањето на мировните преговори со Русија.
„Лидерите никогаш не ветија дека Украина ќе стане членка на НАТО доколку влезе во мировни преговори со Русија. Никогаш не беше договорено мировните преговори да завршат со членството на Украина во НАТО. „Тоа може да биде, но тоа не мора да значи“, нагласи Руте на прес-конференцијата по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Тој додаде дека, сепак, мора да се осигура дека Владимир Путин никогаш повеќе нема да се обиде да ја нападне Украина.
„Тоа е клучно, но ние никогаш не и ветивме на Украина дека ќе стане членка на НАТО како дел од мировниот договор“, повтори Руте.
Тој извести и дека на состанокот на министрите за одбрана на НАТО биле разгледани неколку опции.