Руте очекува функциите во ЕУ да се распределат според договорот на трите групи во ЕП

од Илинка Илиоска
11 прегледи

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска изјави дека очекува договорот на лидерите на ЕУ за распределба на водечките позиции да биде таков како што се договориле трите политички групи во Европскиот парламент.

„Очекувам дебати, но трите центристички политички семејства се договорија. Мислам дека договорот ќе биде таков, но ќе треба да видиме“, изјави Руте за новинарите по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека е горд што е избран за нов генерален секретар на НАТО. За време на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, се очекува шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ да донесат одлука за распределбата на водечките позиции во европските институции по изборите за Европскиот парламент.

Лидерите на ЕУ за време на самитот треба да одлучат кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија, кој ќе го предводи Европскиот совет, а кој ќе го наследи Шпанецот Жозеп Борел на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Состанокот доаѓа откако преговарачите од три групи во Европскиот парламент – Европската народна партија, социјалдемократите и либералите – се согласија да ја номинираат актуелната претседателка на Комисијата Урсула фон дер Лејен за втор мандат, поранешниот португалски премиер Антонио Коста да биде претседател на Европскиот совет, а на премиерката на Естонија, Каја Калас да и припадне местото шеф на европската дипломатија. 

Слични содржини