Руте: Поддршката за Украина клучна тема во Брисел

Според Руте, на средбата ќе се разговара и за „очајната ситуација во Газа, која секој ден се влошува“.

од Бети Божиноска
189 прегледи

Холандскиот премиер Марк Руте изјави денеска дека продолжувањето на поддршката за Украина е клучна тема на дводневниот состанок на Европскиот совет во Брисел и најави отворање на Фондот за помош на Украина.

„Се лансира Украинскиот фонд за помош, клучен ресурс кога станува збор за интензивирање на нашите напори. Фондот ќе помогне во зајакнувањето на одбранбеното производство на ЕУ. Ни треба ова не само за да продолжиме да ја поддржуваме Украина, туку и да ја заштитиме сопствената безбедност. Затоа што силното одвраќање е најдобрата одбрана. Имајќи го тоа предвид, на дневен ред е и темата за европската одбранбена соработка“, напиша Руте во пост на платформата „X“.

Според Руте, на средбата ќе се разговара и за „очајната ситуација во Газа, која секој ден се влошува“.

Слични содржини