САД го депортираа од Русија осомничениот за грабеж на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург

од Aneta Risteska
19 прегледи

Соединетите Американски Држави го депортираа во Русија Дмитриј Кошелев, осомничен за грабеж што се случи пред повеќе од 10 години на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, соопшти руското Јавно обвинителство.

Депортацијата е извршена на иницијатива на руското обвинителство, пренесе РИА Новости.

Инцидентот во кој учествувал Кошелев се случил на 15 јули 2014 година на патничкиот терминал „Пулково“, кога тој и неговите соучесници, под закана со пиштол, нападнале луѓе во автомобил, при што украле повеќе од 1,5 милиони долари и други вредни предмети.

По грабежот, осомничениот побегнал, а во април 2020 година му била распишана меѓународна потерница.

Во мај 2021 година, беше потврдено дека Кошелев е во Соединетите Држави и дека ги прекршил законите за имиграција.

Поради тоа, руските власти ги доставиле соодветните документи до американските власти и го започнале процесот на негова депортација, пренесува Танјуг.

Слични содржини