САД и Јужна Кореја ги завршија заедничките воени вежби

од Destan Jonuzi
149 прегледи

Сеул и Вашингтон ја завршија својата шестдневна воена вежба „Будна бура”, за време на која американски стратешки суперсонични бомбардери Б-1Б прелетаа над територијата на Јужна Кореја.

Вежбата Vigilant Storm започна во понеделникот, во која учествуваат околу 240 воени авиони и два американски стратешки бомбардери Б-1Б, како и четири борбени авиони Ф-16 и четири ловци Ф-35А. Ова е првпат од 2017 година бомбардер Б-1Б да учествува на заеднички вежби на САД и Јужна Кореја.

„Ова ги покажува „комбинираните одбранбени способности и одлучноста на Република Кореја и САД одлучно да одговорат на какви било провокации од Северна Кореја, како и подготвеноста на САД” да спроведат засилени мерки за одвраќање, се додава во соопштението.

Вчера Северна Кореја побара од САД и Јужна Кореја да престанат со „провокативните” воздушни вежби. Северна Кореја утринава истрела четири балистички ракети со краток дострел во Жолтото Море. Тие прелетале на околу 130 километри надморска височина дистанца од околу 20 километри, покажуваат податоците на јужнокорејската армија.

Северна Кореја изврши серија лансирања на проектили оваа недела, од кои едното можеби беше неуспешен обид за лансирање интерконтинентална балистичка ракета. Овие акции наидоа на осуда Вашингтон, Сеул и Токио.

Лансирањето на ракетата доведе до шпекулации дека Северна Кореја можеби се подготвува да продолжи со нуклеарни тестови по првпат од 2017 година.

Слични содржини