САД и Јапонија планираат обемна реформа на својата Спогодба за меѓусебна одбрана од 1960 година му се спротивстават на она што двете земји го сметат за кинеска закана, пишува „Фајненшл тајмс“.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот јапонски колега Фумио Кишида планираат да ја објават својата намера да ја реформираат американската воена команда, да го зајакнат оперативното планирање и да ги интензивираат вежбите на армите на двете земји во текот на својата средба најавена за 10 април во Белата куќа.
Според „Фајненш тајмс“, двата сојузници имаат намера да ги зајакнат своите безбедносни врски за да ѝ се спротивстават на растечката закана од Кина, за што се потребни поблиска соработка и планирање на двете армии, особено во однос на кризата на Тајван која би можело да се претвори во конфликт.
И додека Бајден и Кишида најавуваат јакнење на американско-јапонскиот сојуз, важно е да се нагласу дека средбата ќе се случи неколку недели откако Бајден изрази противење на идејара јапонската компанија „Нипон стил“ да ја купи „Ју-Ес стил“. Овој потег е осмислен со намера да ја зголеми поддршката на синдикатите пред ноемвриските претседателски избори, но доведе до слабеење на инаку силниот сојуз.
Јапонија во последните неколку години драстично ги зголеми своите одбрамбени способносто, трошејќи многу повеќе на одбранат, вкчучувајжи го тука и издвојувањето средства за купување американски крстосуваќки ракети „томахавк“. Јапонската армија планира и да воспостави Заедничка оперативна команда идната година за да ја подобри координацијата меѓу ограноците на своите сили.
Сепак, координацијата меѓу сојузниците е отежната затоа што силите на САД во Јапонија се малку сменети во однос на деновите кога американските и јапонските сили малку соработуваа и не постојат доволно овластувања за команда и за контрола. Затоа Јапонија мора повеќе да контактира со американската Индопацифичка кманда на Хаваите, која се наоѓа во временска зона 19 часа зад Токио и на оддалеченост од околу 6.200 км.