САД ја повлекоа наградата за апсње на новиот сириски лидер, Абу Мохамед ал Голани

од Milan1
16 прегледи

САД ја повлекоа наградата што ја нудеа за апсење на новиот сириски лидер Ахмад ал Шарех, познат по неговото воено име Абу Мохамед ал Голани, откако од него добиле „позитивни пораки“.

Меѓу тие пораки е и ветувањето дека ќе се бори против тероризмот, изјави Барбара Лиф, претставничка на Стејт департментот.

„Врз основа на нашиот разговор, му кажав дека се откажуваме од понудата за награда… која беше во сила неколку години“, изјави Лиф пред новинарите по средбата во Дамаск.

Ова е прв контакт меѓу САД и новите сириски лидери кои ја презедоа власта по смената на претседателот Башар ал Асад на 8 декември.

Слични содржини