„САД ќе ја заштитат Украина од руска агресија“

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Денес, по разговорите со американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека неговиот американски колега му рекол дека Вашингтон нема да ја напушти Украина, соочена со „руската агресија“.

„Разговаравме за ситуацијата во Донбас во источна Украина. Претседателот Бајден ме увери дека Украина никогаш нема да остане на цедило соочувајќи се со руската агресија”, рече Зеленски за време на говорот на украинската телевизија.

Бајден и Зеленски разговарале по телефон 50 минути, а Зеленски, исто така, потенцираше дека САД се клучен партнер на Украина, објави Ројтерс.