На интернет страницата на Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда, објавени се документите за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со американската пи-ар компанија Њу партнерс консултинг, за кои пишуваше американскиот неделник ПР вик-јави РСЕ

Macedonia - PR agreement of the ruling VMRO-DPMNE - 2015

Според регистрацијата која компанијата ја пријавила во американското државно тело, владејачката партија на деветти ноември и исплатила на Њу партнерс консултинг 53 илјади американски долари, од кои 36 илјади за, како што е наведено, планирани активности и 17 илјади долари за активности поврзани со односи со јавноста.

PR week: Груевски рече дека е отворен за промена на името на земјата

Во документот кој е регистриран на 17 декември 2015 година се наведува и дека за месечна сума од 54 илјади американски долари, агенцијата ќе обезбедува промовирање на Македонија, особено улогата на премиерот Никола Груевски во епицентарот на бегалската криза и потребата од зголемување на соработката и ресурсите од невладините организации и меѓународните партнери.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини