Соединетите Американски Држави одобрија дополнителна воена помош од 400 милиони долари за Украина, која ќе вклучува оружје, муниција и опрема за противвоздушна одбрана, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Артилериската муниција, ракетите за противвоздушна одбрана и тактичките возила што ги обезбедуваме најдобро ќе и служат на Украина на бојното поле“, рече Блинкен во соопштението, пренесе Ројтерс.
Претседателот Џозеф Бајден изјави дека очекува американската помош за Украина да продолжи без прекин, и покрај скептицизмот на републиканците.