Покрај отпорот на американскиот Конгрес, Саудиска Арабија е на пат да добие сериозна пратка американско оружје во вредност од 1,3 милијарди долари. Во овој арсенал се вклучени и 13 000 од т.н. Паметни бомби. Нарачката најверојатно ќе биде извршена до крајот на годината.

SaudiArabianArmy_5031055483_o

Според Fox News огромното количество бомби едвај ќе биде искористено против Исламската држава (ИД). Критичари на договорот со високо технолошко оружје ги напаѓаатСаудијците за континуираната воздушна војна која Ријад води против јеменските бунтовници. Саудиските бомбардирања се осудувани од организациите за заштита на човековите права, кои изјавиле дека боречките пилоти на Ријад бомбардираат со американски оружја цивили. “Претседателот Обама е на пат да продаде илјадници бомби и боеви глави на влада која нелегалногаѓа цивили”, гласи проценка на Amnesty International.

Европа поделена поради санкциите против Русија

Досега во тек е осмиот месец од воената кампања на Саудиска Арабија во Јемен во која загинале 5700 лица, меѓу кои најмалку 2577 цивили – 637 од нив се деца, покажуваат податоците на ОН.
Други 2,3 милиони луѓе биле принудени од воените дејствија да ги напуштат родните места. Во исто време од страна на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права открија дека речиси две третини од цивилните жртви се предизвикани од коалициските воздушни напади.

“Со продажба на оружје на Саудијците, вклучувајќи и последната трансакција, САД ќе бидат дополнително вклучени во извршувањето на евентуални воени злосторства во Јемен”, гласи оценката на Даниел Ларисон од списанието “Американ конзерватив”. “Во меѓувреме, кога Саудијците користат американско оружје во Јемен, тие и другите членови на нивната коалиција повлекоа мала поддршка за кампањата против ИД и ги пренасочуваат своите ресурси во битка што ја сметаат за важна “, додаде тој.
Овој договор е само една од долгата линија оружени трансфери извршени од САД кон Саудиска Арабија – вкупно за 90 милијарди долари од 2010 година досега, покажуваат документи на Конгресот.

При побаран коментар од страна на Стејт департментот, чии вработени стојат зад договорот, Саудиска Арабија била наречена “стратешки партнер на САД во регионот” и дека “нарачување на овие оружја ќе ги закрепне резервите на Саудиска Арабија и ќе им помогне да ги пречекуваат барањата во сферата на одбрана за подолг временски период “.

Слични содржини