Сакал да пренесе амфетамин во Бугарија, Македонец осуден на 5 години затвор

од Radmila Tasevska
248 прегледи

Окружниот суд во Ќустендил изрече затворска казна во траење од 4 години и 6 месеци и парична казна од 50.000 лева (157.014 денари) за државјанин на Република Северна Македонија и Бугарија, кој се изјасни за виновен како сторител на три кривични дела – за обид за внесување амфетамин вреден 55.673,40 лева (174.829 денари) преку границата на државата, за поседување на иста високоризична наркотична супстанција без соодветна дозвола и за обид за преминување на границата на државата без дозвола од надлежните органи.

Ова го соопшти судот во Ќустендил.

50-годишниот Дејан Д., се изјасни за виновен што на 7 јули годинава при излез од државата на граничниот премин Гуешево со сопствен автомобил „пежо 407“ се обидел преку границите на државата да пренесе високоризична наркотична супстанца – амфетамин, со вкупна тежина од 1.855,78 грама, во две ПВЦ шишиња, со етикети за автоматско стакло концентрат и зелен чај.

Потоа при царинскиот преглед се обидел да избега во правец на Република Северна Македонија.

Одлуката на Окружниот суд е конечна.

На претходното истражно рочиште на 8 јули, обвинетиот пред судот изјави дека не знаел што има во шишињата и дека работел како цариник во Република Северна Македонија.

 

Слични содржини