Самит на ОН за климата: „Светот е на автопатот кон климатскиот пекол држејќи ја ногата на гасот“

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите од повеќе од 120 земји денеска ја продолжија дебатата за следните чекори за борба против климатските промени на климатскиот самит на Обединетите нации COP27, кој се одржува во Египет до 18 ноември.

На дневен ред се бројни прашања, почнувајќи од финансирањето на транзицијата кон чиста енергија, компензациите и финансиската поддршка за најранливите земји, до заштитата на светските шуми и идниот јаглероден отпечаток на градовите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави на самитот дека светот е „на автопатот кон климатскиот пекол држејќи ја ногата на гасот“.

Слични содржини