“Самсунг” го претстави новиот модел на својот Galaxy Note со ветување дека времето на експлодирачки батерии е во минатото, упатувајќи нов предизвик кон “Епл” и очекуваниот наскоро Ајфон 8. За време на презентацијата на новиот “фаблет” (игра на зборови помеѓу телефон и таблет – phablet) раководството на компанијата се заблагодари на сите нејзини верни обожаватели кои не се откажале од производите и покрај проблемите со батериите на некои уреди. Јужнокорејскиот гигант тврди дека е првиот кој произведува фаблет чиј почеток беше означен со првите уреди од серијата Note пред пет години.
Новиот Galaxy Note 8 ќе има двојна задна камера со подобрени способности за преземање на слики, како и познатото на корисниците пенкало S Pen за цртање и пишување по екран осетлив на допир.Новиот модел доаѓа со вграден Bixby – виртуелниот асистент на “Самсунг”, во обид да одговори на конкуренцијата на програмите со вештачка интелигенција на “Епл” и “Андроид”. Телефонот исто така има зголемен праг на водоотпорност и прахотпорноост и ќе може да се полни безжично.
Цената на подобрениот уред не беше соопштена. Таа ќе стане јасна по неговото пуштање на пазарот на 15-ти септември.
Според експерти Note 8 е најдобрата шанса на “Самсунг” во изминативе години за враќање на уделот на пазарот во конкурентниот сектор на смартфоните. Презентацијата на Note 8 доаѓа месец пред очекуваното претставување на новиот Ајфон 8 во септември по повод десетгодишнината на компанијата.
Според извештаите новиот телефон ќе има екран без рамка и нова предна камера која ќе поддржува 3D препознавање на лицето. Исто така се очекува моделот да биде со стаклена задна покриеност и опција за безжично полнење.