Санкционирани 29 мотоциклисти

од Destan Jonuzi
205 прегледи

МВР информира дека, во периодот од 31 октомври до вчера, во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 29 возачи.

-Од нив, 17 не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, известуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

Слични содржини