Популарниот пејач Саша Ковачевиќ откри дека наскоро планира да застане на „лудиот камен“ и дека свадбената веселба би можела да се случи веќе оваа година.
Како што вели, се повлекол од естрадата бидејќи сега му е најважно семејството, а јавните појавувања и медиумското внимание веќе не му се приоритет.
„Можно е свадбата да се случи оваа година. Ете, сега кажав, па да ја затвориме таа тема. Се подготвува нешто убаво, но не би се задржувал на деталите“, кратко изјави пејачот.
Пејачот морал итно на операција, а сега не ги чувствува…
Инаку, Саша Ковачевиќ во текот на последните две години имаше здравствени проблеми и направи многу лекарски прегледи. Честo имал покачена температура и ослабен организам, а еднаш зборуваше за својата состојба:
„Ако ме прашате мене, мислам дека сѐ беше малку преувеличано. Стануваше збор за нешто вирусно. Дали од некој летен одмор, како и да е… тоа резултираше со тоа што на неделно ниво имав температура и не можев да станам од кревет, беше многу тешко. Веројатно имунитетот ми паднал во тој период, помалку или повеќе, и тоа беше тоа. Благодарен сум на тимот од Ургентниот центар кој исклучително се грижеше за мене во тие денови. Фала му на Бога, ништо страшно не беше“, изјави Саша.