190
Најголемата луксузна јахта во сопственост на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун, која располага со олимписки базен, два лизгалки и двокатен салон, испловила од пристаништето во градот Вонсан, покажуваат сателитски снимки.
Како што јави Радио Слободна Азија, не е познато дали Ким или неговото семејство се на јахтата, која сателитите ја фотографираа кон крајот на јуни и почетокот на овој месец.
Освен тоа, севернокорејскиот лидер поседува уште три јахти долги 50, 55 и 60 метри.