Oткако автомобил БМВ влета во толпата на божиќниот пазар, при што загинаа најмалку 11, а беа повредени над 60 луѓе, во германскиот град Магдебург германските медиуми пренесуваат дека напаѓачот е уапсен, а според информациите на „Велт“, се работи за маж од Саудиска Арабија, роден 1974 година.
Според информациите доставени од полициски службеници, напаѓачот го возел својот автомобил „најмалку 400 метри“ низ божиќниот базар, каде налетал на група луѓе, предизвикувајќи хаос и паника меѓу присутните.
– Во моментот на нападот имаше толпи посетители кои уживаа во празничната атмосфера на плоштадот, а сцените на страв и збунетост брзо го зафатија местото, пишуваат германските медиуми.
По нападот, на првите повредени им била укажана помош во Универзитетската болница во Магдебург.
– Во моментов се згрижени првите десет до 20 пациенти. Сепак, болницата е подготвена за значително повеќе повредени. Во моментов се надградуваме. Креветите за интензивна нега се подготвени, рече портпаролот на универзитетската болница.
Во нападот загинати се најмалку 11 лица, а повредени над 60.