СДСМ: Младите знаат – зад маската на Мицкоски се крие вистинскиот Никола Груевски

од Vladimir Zorba
168 прегледи

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак кај Христијан Мицкоски. Лаги, манипулации, лицемерен патриотизам, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради ВМРО-ДПМНЕ над 600 илјади млади се иселија. Токму поради режимот на Груевски младите беа под притисок, нашата држава беше изолирана и без извесна европска иднина, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, а наместо правда имаше неправда“, реагираат од СДСМ на говорот на Мицкоски.

„Младите не сакаат обнова на режимот, изолација, неизвесност, несигурност, враќање назад

Младите се за напредокот, интеграцијата, сигурноста и стабилноста што ги донесе СДСМ.

Благодарение на вистинските младински политики, младите денеска се партнери во нивното креирање.

Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1.839 млади лица а дополнителни 4.100 млади добија можност за доедукација.

За само две и пол години отворени се 54.000 нови работни места а од нив 54 отсто се вработени млади.

Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани.

424 млади земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.

За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура.

Младите знаат. Зад маската на Мицкоски се крие вистинскиот Никола Груевски.

Младите не сакаат обнова на режимот и затоа на 12 април гласно ќе изберат напредок, сигурност, стабилна иднина во НАТО и ЕУ што ги нуди „СДСМ“, велат од партијата на власт.

Слични содржини