Се множат обвинувањата против поранешниот француски министер: „Ме принуди на орален секс кога имав 16 години“

од Milan1
352 прегледи

Николас Хулот, познат француски екологист и поранешен министер, тоне во се поголеми проблеми. Имено, четири години откако внуката на покојниот француски претседател Франсоа Митеран го обвини за силување, уште неколку жени во нов документарен филм го обвинуваат за сексуална злоупотреба.

Хулот ги негира обвинувањата и тврди дека лажат, а најави и дека дефинитивно ќе се повлече од јавниот живот. Властите најавија отворање на прелиминарна истрага за обвиненијата, но таа нема да доведе до формално обвинение поради застареноста.

Силвија во документарецот тврди дека ја принудил на орален секс во 1989 година кога имала 16 години, Сесил тврди дека ја нападнал, скокнал врз неа и се обидел да ја бакне во такси во 1998 година, кога имала 23 години и работела за француската амбасада во Москва.

Трета жена, која остана анонимна и работеше со него, тврди дека тој ја грабнал и ја бакнал по состанокот во 2001 година. Четвртата Клер Нувијан, исто така негова соработничка, тврди дека таа самата не била нападната, туку дека луѓето ја предупредиле да биде внимателна на пример, да ја заклучува вратата од собата.

Слични содржини