Познатиот израелски рабин Ронен Шаулов ја разгневи меѓународната јавност откако на јавен говор кон крајот на јули отворено повика на целосно изгладнување на населението во Газа, вклучувајќи и деца.
Говорот, кој беше пренесен преку телевизија и социјални мрежи, стана вирален и предизвика бројни осуди.
„Цела Газа и секое дете во Газа треба да умре од глад поради тоа што сега го прават со заложниците. Немам ни малку милост кон оние кои за неколку години ќе пораснат и нема да имаат милост кон нас“, изјави Шаулов пред бројна публика на 28 јули.
Во истиот говор, Шаулов додаде дека сочувство кон децата во Газа имаат само „предавници“ и „оние кои го мразат Израел“, потенцирајќи: „Се надевам дека ќе умрат од глад. А тие што имаат проблем со тоа што го кажав – тоа е нивен проблем“.
Рабинот, во изразено геноциден тон, направи и паралела со библиската приказна за народот Амалек, нагласувајќи дека „Израел погрешил што оставил трага“ и дека овој пат „не смее да остане никаква трага“.
Israeli cleric Rabbi Ronen Shaulov called for the complete starvation of Gaza’s population, including children.
“All of Gaza, and every child in Gaza should starve to death,” he said, adding that he had “no mercy” for them, even if they are young and hungry.
Shaulov also… pic.twitter.com/7FGKot0ng5
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) August 3, 2025
Неговите изјави доаѓаат во време кога Обединетите нации и бројни хуманитарни организации предупредуваат дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од невидени размери. Повеќе од 2,1 милион луѓе на тоа густо населено подрачје се соочуваат со сериозна несигурност во снабдувањето со храна.
Според податоците од Министерството за здравство во Газа, околу 900.000 деца моментално страдаат од глад, додека 70.000 деца покажуваат симптоми на тешка неухранетост. Истовремено, речиси 1.000 деца се убиени во обиди да дојдат до основни животни намирници, најчесто за време на израелски воени напади.
Израелската офанзива, проследена со целосна блокада на хуманитарната помош, доведе до ситуација која експертите ја опишуваат како „вештачки предизвикан глад“. ОН ја нарекоа оваа блокада незаконска и смртоносна, а многу аналитичари и правници сметаат дека ваквите изјави и постапки можат да се третираат како елементи на геноцид.
До моментот на објавување на овој текст, израелските власти не се огласија по повод говорот на рабинот Ронен Шаулов, ниту пак најавија какви било мерки во врска со неговиот пристап.