Папата Фрањо е 87-годишник чие минливо здравје и замор, кои повремено го принудуваат да се откаже од читањето подготвени текстови, се очекувани за маж на негова возраст, изјави денеска неговиот лекар за „Corriere della Sera“
„Папата е 87-годишен старец со огромни обврски и сосема е нормално тој да минува низ периоди на замор“, рече Серџо Алфиери, директор на хирургија во римската болница Гемели, која двапати го оперирала папата во пределот на абдоменто во последните три години.
„Немам никакви показатели за ситуација која може да биде загрижувачка“, рече Алфиери.
„Папата е добро за неговата возраст, особено ако се земат предвид епизодните респираторни проблеми што ги има во најстудените периоди од годината и се резултат на операција на белите дробови што ја имаше пред многу години. Не го гледам секој ден, но можам да ве уверам дека не боледува од некоја болест и дека доаѓа на редовни прегледи“.
Во последните недели Папата боледуваше од бронхитис и грип и наместо него го задолжи својот помошник да чита обраќања до верниците, но оваа недела неговиот подготвен текст не беше прочитан.
Британската агенција Ројтерс напиша дека е многу невообичаено Папата целосно да ја прескокне проповедта на еден толку важен настан како што е Цветници.