Ана, која живее во Флоридсдорф, Виена, раскажа како дознала дека е убиена девојка од Србија и како се чувствува после се што и се случи.
Имено како што е познато Ана, по потекло од Романија, е жената која е на видеото од Виена кое минатиот викенд го вклучи алармот во Србија, но и во Австрија, бидејќи се сомневаа дека со нејзе е исчезнатата Данка Илиќ (2).
Австриската полиција објавила потрага по неа, а по разговорот и истрагата било констатирано дека таа и девојката од видеото немаат никаква врска со исчезнатата Данка од Србија.
Видеото беше снимено од Србин кој живее во Виена, а на него се гледаат две жени со мало девојче, што потсеќа на Данка, која се бараше во Србија од 26 март. Србинот го испратил видеото до српската полиција, која побарала помош од австриската полиција да ги идентификува и пронајде жените од видеото.
Властите во Виена објавија нивни фотографии и најавија дека трагаат по нив. Набрзо се стана јасно… Австриската полиција во четвртокот официјално соопшти дека исклучила каква било поврзаност меѓу луѓето од видеото и малата Данка.
Ана, која живее во Флоридсдорф во Виена, за Кроне раскажала како дознала дека девојката од Србија е убиена и како се чувствува после се.
„Шокирана сум на многу нивоа. Само што се вратив дома од работа и полицијата ме извести дека Данка сега очигледно е пронајдена. Но, сепак сум шокирана што луѓето погрешно ме бараа низ цела Европа“, изјави таа за Кроне. .
Ана додаде дека досега никој не и се извинил за забуната и дека би сакала да знае како се случило сето ова.
„Мојата ќерка изгледа сосема поинаку, а исто така е една година постара. Не знам како можете да ги измешате овие две деца. Без разлика, јас со години не сум била во Србија. Родена сум во Романија и од 2015 година живеам и работа во Австрија“, рече таа.
Таа раскажа и како по видеото дознала дека полицијата ја бара.
„Бевме поканети кај еден пријател во Велс за Велигден. Потоа ми се јавија колегите од работа кои исто така ја познаваат ќерка ми. Тие рекоа дека е меѓународна потрага по мене и мајка ми. Јас веднаш сакав да ги расчистам недоразбирање. Минувам низ пеколот од недела, само сакам сите да знаат Ние не сме криминалци и не киднапиравме дете“, заклучи таа.