Откако во своето гостување во 24 анализа, министерот за правда, Бојан Маричиќ неофицијално спомена дека пресудата за сообраќајката кај „Млечен“ е преиначена и истата ќе гласи 2 години затворска казна, се огласи и сопругата на настаданиот во несреќата, Гоце Димитриевски.
Имено, сопругата на својот твитер профил, објави дека е благодарна што првичната пресуда е преиспитана и преиначена, но и во рамки на ретвит посочи дека не е јасно како министерот Маричиќ ги поседувал овие неофицијални информации.
Бескрајна благодарност до сите,#правдазаГоце#правдазаМене#правдазаНас ,
Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото 🤍🤍— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) February 9, 2021
Веќе официјална.
Но за мене нејасно останува како Министерот за правда, како дел oд извршната власт, јавно, на ТВ објавува, како што тој изјави, неофицијална судска одлука?— Natasha Dimitrievska (@napostoloska) February 9, 2021