Се огласи турската актерка за која се мислеше дека ЗАГИНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Македонија ја сака, а сега објасни што се случило

од Vladimir Zorba

Турската актерка Џансу Дере конечно проговори откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди оваа земја пред повеќе од еден месец.

Тоа доста ја загрижи јавноста по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Имено, со недели ништо не се знаеше за неа, ниту се огласуваше на социјалните мрежи, па многумина стравуваа дека се случило најлошото, а актерката загинала за време на земјотресот.

Наскоро, на интернет почна да кружи видео, на кое наводно се гледа како Џансу помага да се пакуваат пакети и да им помогне на сите што биле повредени или останале без покрив над главата за време на оваа катастрофа.

Сепак, бидејќи не се огласи, немаше официјална потврда дека навистина е таа на видеата, а сега актерката конечно стапи во контакт со медиумите и откри дека не била во јавноста бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.

„Не ми беше намерата да загрижам и да исплашам никого. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, изјави Џансу Дере за CNN Turk.

Потсетуваме, домашната публика оваа убава актерка ја запозна во серијата „Сила“ каде ја играше главната улога, а потоа ја видовме во „Сулејман Величествениот“ и „Невера“.

Порано се занимаваше со моделирање. Таа беше Мис на Турција во 2000 година, но турската влада и забрани да оди на финалниот натпревар, бидејќи се одржуваше на Кипар, во грчкиот дел на Никозија.

Слични содржини