Се подготвува атентат на Ким Џонг Ун?

од Илинка Илиоска
98 прегледи

Северна Кореја ја зголеми безбедноста на својот лидер Ким Џонг Ун поради стравувањата од можен обид за атентат, соопшти јужнокорејското разузнавање. Оваа оценка денеска ја претстави Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) за време на седницата на парламентарната комисија, според јужнокорејските пратеници, пренесува агенцијата Јонхап.

НИС им кажа на парламентарците дека, поради можни обиди за атентат, Северна Кореја го подигнала нивото на безбедност во околината на Ким користејќи возила за блокирање на комуникациите и опремата за откривање дронови, бидејќи Ким оваа година се појавил во јавноста 110 пати, што е околу 60. проценти повеќе во однос на истиот период лани.

НИС, исто така, објави дека овој месец Пјонгјанг престанал да го користи календарот „Juche“, кој во сè се совпаѓа со Грегоријанскиот календар, освен што за почетна година е земена 1912 година, годината на раѓање на основачот на земјата Ким Ил Сунг.

НИС, исто така, укажува на напорите насочени кон зајакнување на позицијата на Ким Џонг-ун како единствен лидер на Северна Кореја.

Слични содржини