Се повеќе Германци одат во војска

од Milan1
27 прегледи

Германската армија има потреба од многу нова опрема и оружје, но и повеќе војници. Затоа министерот за одбрана Борис Писториус се залага за нов модел на регрутирање, но и без тоа се појави позитивен тренд: се зголемува бројот на кандидати за служба во Бундесверот, пренесува dpa.

„Сè уште има луѓе кои волонтираат затоа што сакаат да и служат на својата земја“, изјави Писториус за Дизелдорфски „Рајнише Пост“.

До 8 јули имавме 15 отсто повеќе барања за служење воен рок од истиот период лани“, рече министерот.

Во обид трајно да ја пополни празнината, Писториус минатиот месец воведе модел на задолжителен сервис. Планот предвидува шест месеци основна обука, по што ќе следи доброволна опција за најмногу 17 месеци.

Дел од планот е и обврската за пријавување на регрути, со можност за доброволно пријавување на жените. Новодојденците треба да пополнат прашалник и да ја наведат својата подготвеност и способности.

Ова треба да му овозможи на Бундесверот да избере околу 5.000 подготвени и способни кандидати од околу 400.000 кандидати од следната година. Во следните години треба да се регрутираат многу повеќе војници.

Писториус сака да го спроведе својот план без промена на уставот, што би било услов за општо враќање на општата обврска за служење војска. Германија ја укина оваа обврска во 2011 година.

„Не гледам дека можеме да го промениме уставот во овој законодавен период, дури и со соработка на (опозициската Христијанско-демократска) унија“, рече тој. „Ми треба брз почеток на реформите во одбраната бидејќи сме под закана“.

Предлог-законот е планиран за наесен, а Писториус планира законот да стапи во сила „можеби уште во првиот квартал“, а секако до летото во 2025 година.

Слични содржини