Се повеќе луѓе живеат во Германија, најголем пораст на населението во Бремен

од Milan1
33 прегледи

Заводот за статистика на Германија покажа дека населението во земјата се зголемило меѓу 2011 и 2022 година, но помалку отколку што претходно се претпоставуваше. Во средината на мај 2022 година, во Германија живееле 82,7 милиони луѓе, што е зголемување за 2,5 милиони во споредба со 2011 година, кога се одржа претходниот попис, но за 1,4 милиони помалку од очекуваното, објави денеска Ројтерс.

Резултатите од пописот, исто така, покажаа дека бројот на странски државјани се зголемил на околу 10,9 милиони луѓе во 2022 година од 6,2 милиони во 2011 година.

Заводот за статистика соопшти дека меѓу најголемите германски градови, Бремен доживеал најголем пораст на населението од 1,8 отсто во периодот од 2011 до 2022 година, додека Келн забележал најголем пад, од 5,9 отсто.

Слични содржини