4,4K
Авиокомпанијата Ејџиан Ерлајнс ги отстрани од продажба билетите за предвидената нова рута Скопје – Крф иако беше планирано летовите да се изведуваат два пати неделно, во вторник и сабота, а редовната линија Скопје – Атина требаше да функционира среда и недела наутро.
ТАВ Македонија претходно најави дека сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф ќе почне од 1 јуни годинава,
Според ревидираниот распоред објавен на exyuaviation.com., Ејџиан Ерлајнс откажува два неделни лета, намалувајќи ја вкупната фреквенција меѓу Скопје и Атина од секојдневни летови на пет лета неделно, почнувајќи од 4 јуни.
Компанијата не исклучува и дополнителни промени во редот на летање.