Се работи за истиот предлог со само неколку модифицирани зборови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
96 прегледи

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчова со изјавата за бугарската агенција БГНЕС дека нема никаква промена во модифицираниот францускиот предлог ги разобличи лагите на Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Ковачевски и Османи модифицираниот француски предлог го претставуваат како дипломатски триумф, а всушност според информациите со кои располага ВМРО-ДПМНЕ се работи за истиот предлог, со само неколку модифицирани збора, без суштински промени, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, „сите во соседството знаат, само народот во Македонија не знае што има во предлогот“.

-Имено, Ковачевски и Османи мора да одговорат, како тоа македонската јавност не знае што содржи францускиот предлог, а албанскиот премиер Еди Рама ги повикува македонските граѓани да го прифатат предлогот бидејќи како што пишува истиот значи можност за почеток на преговорите на државата со ЕУ? Но, очигледно е дека станува збoр за истиот предлог кој веќе еднаш Ковачевски во Брисел го одби, кога се обидуваше да глуми задоцнет патриот. Да беше толку добар предлогот, да имаше промени кои се во интерес на македонската страна, Димитар Ковачевски веднаш истиот ќе го објавеше во јавноста, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини