Жешките точки за прием на имигранти во Грција се градат полека, а дистрибуираните до моментот бегалци во другите земји членки на ЕУ се премногу малку. Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за напредокот на Атина за спроведувањето на европските мерки за справување со бегалската криза.

migranti

Само една од пет “жешки точки” работи

Во Грција во моментов работи само една жешка точка за идентификација и регистрирање на имигранти и таа е на островот Лезбос, пишува Европската комисија.

Процесот на воспоставување на предвидените пет жаришта на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос е бавно. Причина за тоа е недостатокот на инфраструктура, човечки ресурси и координација.

Грчката Влада користи помош на армијата, за да се заврши изградбата на центрите до крајниот рок кој е средината на февруари. Планирано е, кога сите активности ќе бидат завршени, во Грција ќе можат да се регистрираат и земаат отпечатоци на околу 11 000 луѓе на ден. Во меѓувреме имигрантите се пречекуваат на привремено приспособени места.

Според шемата за раселување на бегалци на Европската комисија, од Грција во наредните две години треба да си отидат 66 400 луѓе и да бидат сместени во другите земји членки на ЕУ.

Три сценарија за активностите на Русија, ако Турците и Саудијците упаднат во Сирија

“Преместувањето започна многу бавно со само 218 распределени (имигранти) до моментот”, истакнува ЕК.

Само 15 држави членки понудиле да прифатат бегалци од Грција. Вкупно предвидените места во други земји се за вкупно 1081, што е крајно недоволно , ако се има предвид договорениот број на луѓе.

Во меѓувреме, од почетокот на 2015 година Грција има депортирано 16 131 лица, а 3 460 доброволно се вратиле во нивните земји на потекло. Овие 19 591 лица немале право да добијат азил на територијата на Грција. Бројот сепак е минимален во позадината на пристигнатите 800 000 луѓе во 2015 година пишува ЕК.

Во водите околу островите освен тоа веќе патролираат екипи на Фронтекс, a експерти на европската агенција за заштита на границите работат на копно за да се идентификуваат лажни документи.

Значаен напредок во регистрацијата и земање на отпечатоци

Уделот на имигрантите,на кои им се земени отпечатоци од грчките власти, расте опипливо – од 8% во септември минатата година до 78% во јануари 2016 година Покрај тоа регистарскиот капацитет на грчките власти се подобрил.

На крајот на минатата година Европската комисија одобри програма вредност 80 милиони евра, наменети за изградба на објекти за сместување во Грција. Од вкупно 27 000 места, се 17 628 се изградени до сега.

НАТО ќе го прифати “многу сериозно” секое барање за помош во бегалската криза. Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, откако претходно вчера Германија и Турција се согласија да побараат помош за справување со трговијата со бегалци.

Министрите за одбрана на 28-те земји членки ќе разговараат за ова прашање за време на состанокот во Брисел во денеска и утре. “Мислам дека ќе прифатиме многу сериозно барањето на Турција и други сојузници, за да видиме што може да направи НАТО, за да им помогнеме за справување и решавање на кризата и сите предизвици со кои тие се соочуваат, не само во Турција”, рече Столтенберг за време на прес-конференција. Тој исто така, истакна дека веќе разговарал со турскиот и германскиот министер за надворешни работи, за да разговараат за ова прашање.

нато
Според дипломатски извори предлогот е изненадувачки и министрите од НАТО очекуваат конкретни детали на него. Грција, чии односи со Турција се заладени по бројни прашања денеска, од Берлин бараат гаранции во случај да ваква мисија се оствари. Владиниот портпарол од Атина изјави дека Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави на германската канцеларка Ангела Меркел дека “секое учество на Алијансата треба да биде ограничено единствено на турското крајбрежје и да ги гарантира грчките суверени права” Во исто време ЕУ вели дека ја поздравува секоја дополнителна помош во справувањето со бегалската криза.граница

Во Македонија засега молк. Освен што се удвојува оградата, се најавуваат дипломати, и се точкаат меѓународни полицајци никој не објаснува и не гарантира какви полседици ќе има од тој бегалскли бран. На последниот состанок на министрите од внатрешни работи од регионот се промовира идеја бегалците со воз да се транспортираат директно до Виена, со селекција на македонската јужна граница.

граница

Власта и европејците молчат каде ке се тргаат селектираните мигранти? Дали тие кои ке отпаднат во селекцијата за Европа ќе и останат во кампови на Македонија, бидејќи јасно е дека Грција нема каде да ги прима назад. Хрватска најави дека го затвора својот камп за прием на бегалци, значи ли тоа дека знаат дека такви три кампа ќе се отворат во Македонија. НАТО, или кој ќе ги чува камповите во Македонија за тие кои нем да сакаат да го превезат кон Европа. Ердоган исто се закани дека ќе ги пуштиме сите кон Европа со едно потпрашање- „Ќе пукате ли во нив ако ви ги пуштам сите“ ?

Грција бара гаранциии од Берлин и НАТО. Македонија си молчи. Некако како да се согласила на тој пазар, и чудно е што за ова не се распрачува ниту опозицијата ниту власта, само претседателот се сликаше заедно со мешународните полицајци кои позираа зад него небаре се бодигарди на нашиот претседател.

“Се разбира од НАТО зависи дали ќе донесе одлука за можноста и условите за евентуално учество”, изјави портпаролот на Европската комисија Маргаритис Схинас. “Ги поздравуваме сите дискусии на можни мерки кои можат да придонесат за справување со бегалската криза, за спасување на луѓето во морето и подобрување на управувањето со потоците мигранти и границите”, додаде тој.

Слични содржини