Руското Министерство за одбрана изрази сомневање дека Турција се подготвува да влезе на територијата на Сирија. Според информациите во медиумите и Саудиска Арабија може да испрати во Сирија илјади борци од специјалците. “Руски дневник” направи анализа како руските војници  кои веќе пет месеци нанесуваат воздушни напади на исламистите во Сирија, би можеле да реагираат на вакви чекори од страна на Анкара и Ријад..

војскаРуските воени експерти Виктор Мураховски, главен уредник на магазинот ” Арсенал татковина “, и Михаил Александров, водечки експерт во Центарот за воено-политички студии на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО), коментираа како Русија може да реагира на упад во Сирија на Турците и Саудијците. За Саудијците не е толку лесно да испратат војници во Сирија, бидејќи Саудиска Арабија не граничи со Сирија. Ријад има две варијанти – да обезбеди пренос на воени делови во Ирак или да навлезе во Сирија преку Турција. Само што за Ријад користењето на ирачки коридор може да биде проблематичен. Порано, дури и кога мали единици на саудиската армија влегува на ирачка територија, Багдад реагирал исклучително неодобрување и  се залагал  за слични активности за агресија.

Втората опција – да навлезе во Турција – изгледа повеќе веројатна на оваа позадина. Уште повеќе што во материјал на британскиот. “Гардијан” (Guardian), во кој се пријавени  плановите на Саудијците, се наведува нивната подготвеност да ги координираат активностите со Анкара.

Првата опција – руски диверзанти  на границата меѓу Сирија и Турција

Експертите посочуваат дека трансферот на илјади борци од специјалците од Саудиска Арабија во Турција и спроведувањето на операцијата за упад во Сирија ќе бараат сериозна подготовка и за неа ќе биде потребно на турска територија да бидат распоредени војници. Тоа не може да остане незабележано и ќе бара време. Очигледно е дека силите на претседателот Башар ал Асад ќе ги интензивираат, i  веќе се прават напори да ја затворат сириско-турската граница и да не дозволат интервенција. Ако сепак Сиријците не успеат да ја блокираат границата, тогаш Русија може да им помогне, da  префрли таму десантнa дивизија, прогнозира Александров . Генерално експертите се согласуваат дека сценариото Саудијците да интервенираат не е реален, додека евентуално нарушување od турските војници не може да се исклучи целосно. Уште повеќе што и пред турски воjnici веќе влегуваа во северниот дел на Ирак во области каде што живеат Курди.

Втор варијанта – помош при подготовката на војници и испораката на оружје

Тоа е најверојатното сценарио, бидејќи Курдите кои сакаат автономија, се главниот проблем на Турција со децении. Ако турски воjски  влезат во курдските области, руските делови најверојатно нема да влезат во директна конфронтација со Турците. Русите навистина можат да помогнат при подготовката на војници и преку снабдување на оружје. Сириските и турските војници ќе бидат од двете страни на линијата на поделба, додека внатре во самата  курдска територија на Сирија ќе се води жестока војна на курдските сепаратисити  против турската армија.Експертите забележуваат дека Турците веќе нема да можат да го завладеат Алепо, кое се наоѓа во северниот дел на Сирија, бидејќи градот е одвоен од сириско-турската граница од армијата на Башар Асад. Затоа можностите за придвижување на турската армија во оваа компонента се премногу ограничени.авио сад

Трета варијанта – битки со руската авијација

Во исто време, ако турската армија на се ограничи само со областите со курдско население и влезе на територијата контролирана од сириските војски , постои веројатност за директни судири со руските војници – воздушни и  вселенските сили на Русија. Руската Федерација може да покаже воздухопловна поддршка на Сиријците. Борби со руската авијација сепак значат да се објави војна и во овој случај може да се замисли ситуацијата во која Руската Федерација почнува да нанесува удари веќе и на територијата на Турција. Конфликт со земја-членка на НАТО го прави непредвидливи развојот на настаните во такво сценарио . Според експертите тоа е најмалку веројатната перспектива.

Слични содржини