17
– Вчера во 13.00 во Полициска станица Неготино од Итна медицинска помош Неготино било пријавено дека добиле повик од лице кое пријавило дека во село Долни Дисан, неготинско, имало физичка пресметка. По излегување на самото место, од страна на полициски службеници било констатирано дека во дворот од семејниот дом, С.Ш.(71) и неговиот син Т.Ш.(36) по кратка расправија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од МВР.
По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.