Со новиот дигитален речник Ромите добија дигитализација на навредите и антициганизмот , реагираа вчера од здружението Аваја. Откако Владата на РСМ ја промовираше веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.
Во дигиталниот Толковен речник кој содржи 100.000 зборови ги има зборовите ЦИГАНЧЕ, ПОЦИГАНИ, ЦИГАНЧИ СЕ, ЦИГАНШТИЈА И ЦИГАНШТИЛАК!
Во дигиталната верзија на толковниот речник за зборот се циганчи беше објаснето дека појаснува скржавост од предрасуди како особина на Циган и беше даде примерот „Се циганчи за еден грош“. За циганштилак беше објаснето дека значи скржавост и ситничавост.
По бурата од рекации на Фејсбук страната на здружението беше објавен допис од Владата која информирале дека зборовите ќе бидат извадени од речникот.
„После објавувањето на дигиталниот Толковен речник, до Владата пристигнаа реакциии од претставници на ромската заедница во земјата во врска со зборовите кои се застапени во речникот, а за кои јавноста одамна има разбирање дека имаат навредливо и дискриминирачко толкување за ромската заедница.Претставници на Владата на Северна Македонија и на Министерството за образование и наука веднаш стапија во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.
Од редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ од Институтот за македонски јазик уште информираа дека стручниот тим во наредниот период ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и дека ќе следува процес низ кој зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.
Овој пример на реакција на заедницата и потоа брза одлука за постапување од страна на надлежните во Институтот за македонски јазик ја покажува вредноста на јавната достапност на дигитализираниот речник. Низ овој пример сведочиме учество на граѓаните во унапредување на јазикот како жива материја и негово негување и од социо-лингвистички аспект согласно современите општествени текови и вредности., соопштиле од Владата.