Најмалку четири лица загинаа во уривањето на работнички дом, шесткатна зграда во нова населба во областа Ганџијанг во јужната кинеска провинција Диангси, јавија кинеските државни медиуми.
Во објектот, изграден во 1995 година од монтажни панели, кои се сметаат за неквалитетни, биле сместени работници вработени во фармацевтска фабрика, но повеќето станари биле постари лица, пренесува АП.
Фотографиите и видеата покажуваат дека спасувачките тимови пребаруваат куп урнатини под рефлекторите.
Кина направи напори да го подобри квалитетот на градежништвото и индустриската безбедност со закана од кривична одговорност, но несреќите продолжуваат да се случуваат бидејќи компаниите често се обидуваат да ги намалат трошоците за изградба.
Голем проблем е и дотраената инфраструктура, а посебна закана се експлозиите на цевководите и непочитувањето на безбедносните стандарди за ракување со испарливи хемикалии.