Се уште е рано: Надал се распадна во вториот сет

од Симе Стоиков

На својот прв турнир по Бризбејн, Рафаел Надал загуби во второто коло од Алекс де Минор со 7:5, 6:1.

Надал го одигра својот прв турнир на земјена подлога по Ролан Гарос во 2022 година, го победи Коболи во првото коло и изгледаше добро во првиот сет од мечот со Де Миноро, но тоа не беше доволно…

Јасно е дека Рафа не е на посакуваната физичка подготовеност и се очекува допрво да ја крева формата.

Де Минора во осминафиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот Артур Фис-Даниел Алтмаер.

Слични содржини