14
Неколку училишта низ Хрватска утринава добија пријави за бомби. Полицијата и пиротехничарите, заедно со кучиња, од утрото ги пребаруваат училиштата, додека во повеќето училишта на учениците им е дозволено да си одат дома.
Како што објави 24сата, мејловите се испратени до 100 средни училишта, сите од иста адреса, а серверот е во Африка.
Пораката содржела исламистички елементи
Директорот на Машинскиот факултет Фран Бошњаковиќ за медиумите изјави дека во мејлот што го добил има одредени исламистички закани.