150
Силни бури придружени со налети на ветер и торнада ги погодија Оклахома и Канзас, при што беа повредени 12 лица, додека некои жители на Мичиген се без струја петти ден по ред по минатонеделната ледена бура.
Седум торнада ја погодија Оклахома, а две торнада го погодија Канзас, објави Си-Ен-Ен.
Околу 32 километри јужно од Оклахома Сити, во Норман, во невремето се повредени 12 лица, пренесе АП.