Секој четврти Германец вози електричен велосипед

од Milan1
16 прегледи

Пазарот на електрични велосипеди во Германија цвета. Секој четврти човек поседува електричен велосипед, покажуваат резултатите од истражувањето објавено од Германската новинска агенција (dpa).

Имено, 24,7 отсто од луѓето имаат електрични велосипед, а во 2020 година тој број изнесувал17,5. Посебно повеќе има млади од 18 до 29 години кои имаат е-велосипед – 17,5 отсто. Лани тој удел беше 13,8 отсто.

Сепак, електричниот велосипед е попопуларен кај постарите лица.

Повеќе од 27 проценти од луѓето на возраст од 50 или повеќе години веќе купиле е-велосипед. Во исто време, повеќе од една петтина, 21,5 отсто, се одлучиле за електричен велосипед поради заштита на животната средина.

Во истражувањето, 40,7 отсто рекле дека го полнат својот велосипед дома.

За многумина, идејата за возење електронски велосипед на одмор е примамлива, односно околу една четвртина.

Од друга страна, 6,8 отсто го користат за да одат на работа. Во онлајн анкетата на „Civey“ од средината на мај до почетокот на јуни учествуваа 30.000 луѓе.

Слични содржини