СЕКОЈА ГОДИНА ВО ГЕРМАНИЈА ПОВЕЌЕ ОД 120 ИЛЈАДИ ЛУЃЕ УМИРААТ ОД ТУТУН И НИКОТИН: „Да се забранат електронските цигари за еднократна употреба“

од Vladimir Zorba
494 прегледи

Рекламирањето на тутунот треба дополнително да се ограничи во Германија поради огромните социјални и здравствени последици од пушењето, изјави владиниот комесар за лекови Буркхарт Блинерт, пренесува германската новинска агенција (dpa).

„Не сакам никому да забранам пушење“, изјави Блинерт за ДПА по повод Светскиот ден без тутун. „Но, едноставно не е можно сè уште да има шарени рекламни слики за тутун и е-цигари на секоја бензинска пумпа или каса во супермаркет во 2024 година“.

Рекламите создаваат позитивна слика за нездравите производи и го отежнуваат прекинот на конзумирањето, постојано потсетувајќи на цигарите.

„Фактот дека се помалку млади пушат е одлична вест. Но, Германија сè уште има голем проблем“, рече тој по повод една студија.

Секоја година кај нас од употреба на тутун и никотин умираат околу 127.000 луѓе, а секоја година пушењето ја чини нашата економија многу повеќе од 100 милијарди евра.

Ефективни чекори се укинување на рекламирањето, укинување на спонзорствата, поголеми стимулации за откажување од пушење, подобра заштита на непушачите, на пример децата чии родители пушат во автомобил.

Блинерт смета дека во одреден момент треба да се воведе повисок данок за тутунот.

Тој е и за забрана на електронските цигари за еднократна употреба.

„Овие производи носат висок ризик од зависност и се исклучително штетни за околината. Поради нив младите стануваат зависници од никотин, од кој не можат да се откажат ниту по 30, 40 години, па дури и никогаш. Германија не треба да чека додека еден ден целата Европска унија не ја забрани продажбата на електронски цигари за еднократна употреба“, предложи еврокомесарот.

Слични содржини