Три тела се пронајдени во куќа во селото Вајтефелд во западна Германија, каде во тек е голема потрага по осомничениот кој побегнал кога полицијата пристигнала на местото на настанот, потврдил портпаролот на полицијата за германските медиуми.
Полицијата ги советуваше мештаните да останат дома и ги предупреди возачите да не застануваат за автостопери. Германскиот весник „Билд“ пишува дека специјалци се на улиците на селото и дека во потрагата е вклучен и хеликоптер.
Вајтефелд, кој има околу 2.200 жители, е под полициска блокада и се проверуваат возилата кои влегуваат и излегуваат од селото. Портпаролот на полицијата за Билд изјави дека повикот за откривање на телото бил примен околу 15:45 часот.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил во семеен дом и дека меѓу жртвите има двајца мажи и една жена. Портпаролот на полицијата не исклучи дека меѓу убиените има и деца.
Шефот Карл-Хајнц Кеслер истакна дека „никогаш не можел да замисли дека таков чин“ ќе се случи во Вајтефелд. Тој истакна дека во куќата живееле жена, маж и тинејџер.