Мирното село Фуентес де Андалузија во јужна Шпанија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со погодените од конфликтот, кој е одалечен на повеќе од 4.000 километри.
На таблата на кружниот тек на влезот во селото, натписот Украина го замени Фуентес де Андалузија, а до него беше нацртано сино-жолто знаме, пренесе Ројтерс.
Во селото со повеќе од 7.100 жители источно од Севиља, некои улици се преименувани во Град Киев, Одеса и Мариупол.