Серијата на „Џонсон и Џонсон“ не е исправна, неизвесна употребата на оваа вакцина

299 прегледи

Серијата вакцини против Ковид 19 од компанијата Џонсон и Џонсон не ги исполнија стандардите за квалитет и не можат да се користат, соопшти фармацевтскиот гигант.

Компанијата не наведе колку дози на вакцини се изгубени и не е познато како ова ќе влијае на идните испораки, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Според изјавата, проблемот настанал затоа што состојката на вакцината произведена од Emergent BioSolutions, една од 10-те компании со кои Џонсон и Џонсон работи за забрзување на производството, не ги исполнувала стандардите за квалитет.

(Не)извесни испораките во САД
Се додава дека американската Администрација за храна и лекови сè уште не ја одобрила фабриката „Emergent BioSolutions“ за производство на дел од вакцината.

„Џонсон и Џонсон“ ветија дека ќе обезбедат 20 милиони дози вакцини на американската влада до крајот на март и уште 80 милиони дози до крајот на мај.

Компанијата во соопштението вели дека планира да ги испорача сите 100 милиони дози до крајот на јуни.

Слични содржини