Сестрата на Ким Џонг Ун изјави дека Северна Кореја „не е заинтересирана и нема причина да се сретне“ со новиот јужнокорејски претседател

од Весна Петровска
17 прегледи

Пјонгјанг „нема причина“ да го продолжи дипломатскиот дијалог со Сеул, изјави денес сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо-џонг, и покрај изразената желба на новиот јужнокорејски претседател Ли Џе-мјунг да ја смири ситуацијата, објави севернокорејската агенција КЦНА.

„Уште еднаш, го разјаснуваме официјалниот став, а тоа е дека без оглед на политиката што ја усвојува Сеул или каков предлог е даден, ние не сме заинтересирани за тоа и нема причина за средба со Република Кореја или за каков било разговор со неа“, рече Ким Јо Џонг, која е исклучително влијателна личност во севернокорејската дипломатија.

Сестрата на Ким Џонг Ун зборуваше за „неповратната“ некомпатибилност меѓу двете земји, кои технички сè уште се во војна. Нивниот конфликт заврши во 1953 година со примирје, но не и со мировен договор.

Нејзината изјава доаѓа откако јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, дојде на власт на почетокот на јуни, и вети дека ќе и се обрати на Пјонгјанг, тврдејќи дека „без разлика каква е цената, мирот е подобар од војната“.

Оттогаш Сеул престана да емитува антисевернокорејска пропаганда преку звучниците по долж на границата.

Набргу потоа, Северна Кореја престана да емитува вознемирувачки звуци што ги вознемируваа жителите на југот во близина на границата дење и ноќе.

Сепак, ова смирување на тензиите не значи дека Јужна Кореја може да верува во дипломатско ублажување на притисокот, предупреди Ким Јо Џонг.

Ако Сеул се надеваше дека ќе ја сврти ситуацијата „со неколку слатки зборови, нема поголема грешка од тоа“, додаде таа.

Новиот претседател на Јужна Кореја изјави дека сака прекуграничен дијалог без предуслови.